Свет Европа По Брексит, Могерини бара да се засили одбраната на ЕУ

По Брексит, Могерини бара да се засили одбраната на ЕУ

Европската Унијата мора да стори повеќе за својата одбрана, порача денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Изјавата на Могерини доаѓа по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ, по што Унијата ќе остане без една голема воена сила.

„Како Европејци мораме да преземеме поголема одговорност за нашата безбедност. Мораме да бидеме подготвени да одвратиме, одговориме и да се заштитиме од надворешните закани“, вели Могерини во извештајот што им го поднесе на лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел.