Свет Балкан ПКК е одговорна за нападот во Кајсери, соопшти Ердоган

ПКК е одговорна за нападот во Кајсери, соопшти Ердоган

Вооружената група Курдска работничка партија (ПКК) е одговорна за денешниот напад со автомобил бомба врз автобус со војници, во кој загинаа 13 лица, а 55 се повредени, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ е одговорна за нападот и оти вакви напади би можеле да се поврзани и со настаните во Ирак и во Сирија.

Нападот беше извршен утринава во близина на автобуска станица на универзитетот во турскиот град Кајсери, во моментот кога покрај возилото поминувал автобус кој пренесувал цивили и воени лица кои не биле на должност.

Здравствените власти велат дека е можно бројот на загинатите да се зголеми бидејќи некои од повредените се наоѓаат во критична состојба. Меѓу загинатите има и цивили.