Свет Пјонгјанг објави дека како контрамерка ќе ги соборува авионите на САД

Пјонгјанг објави дека како контрамерка ќе ги соборува авионите на САД

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ објавил војна на неговата земја.

Тој додаде дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки, вклучувајќи и соборување на американските стратешки бомбардери, дури и доколку не се наоѓаат во севернокорејскиот воздушен простор.

– На целиот свет би требало да му биде јасно дека САД се тие што први ѝ објавија војна на нашата земја – изјавил Ри.

Пентагон ќе му ги претстави сите опции на американскиот претседател Доналд Трамп со кои може да се реши проблемот со Северна Кореја, доколку таа продолжи со провокациите, изјави портпаролот на Пентагон, Роберт Менинг.