Свет Писториус останува в затвор

Писториус останува в затвор

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус останува в затвор сè додека одборот за условно пуштање на слобода не донесе поинаква одлука, изјави адвокатот Брајан Вебер.

Вебер рекол дека е известен дека одборот денеска ја укинал претходната одлука Писториус да биде пуштен на условна слобода и да издржува казна во куќен притвор за убиството на неговата девојка Рива Стинкамп.

Писториус минатиот септември беше осуден за убиство без умисла и доби затворска казна од пет години. Тој на 14 февруари 2013 година ја уби својата девојка со огнено оружје бидејќи, како што тврди, мислел дека станува збор за провалник.

Параолимпиецот на крајот на август требаше да биде пуштен затоа што тогаш отслужи 10 месеци од петгодишната казна, но министерството за правда на Јужна Африка на 19 август ја блокираше таа одлука.