Култура Петта меѓународна конференција „Охрид – Водици“

Петта меѓународна конференција „Охрид – Водици“

Од денеска, до 19 јануари, во Охрид, во Куќата на Уранија, се одржува петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми.

Конференцијата е во организација на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија и на партнерите, Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Универзитетот „Селџук“ од Конија, Република Турција, како и на организацијата „Мирас“ од Баку, Република Азербејџан.

Темата на годинешната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“.

„Учествуваат шеесетина претставници од 11 земји со свои излагања од истражувањата и сознанијата во областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, психологијата, како и интередисциплинарните помошни науки“, информираат организаторите.

Во рамките на конференцијата, во Спомен-домот на Христо Узунов ќе има изложбата на фотографии и на уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“, подготвена од Центарот за истражување на турските ракотворби при Универзитетот „Селџук“ од Конија, Република Турција.

Конференцијата е поддржана од МАНУ, Заводот и музеј од Охрид и од Општина Охрид.