Свет Петнаесет загинати во поплавите во Кина

Петнаесет загинати во поплавите во Кина

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот и во централниот дел на Кина, најмалку 15 лица загинаа, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови.

Локалните власти денеска соопштија дека најлошо погодена е провинцијата Ксиангчи каде загинаа осум лица, а 65.000 се раселени.

Во регионот Гуангжу загинаа пет лица, а шест се водат за исчезнати.

Уште две лица загинаа во провинцијата Хунан, додека 2.000 лица се раселени. Во провинцијата Фуџијаан се евакуирани 17.000 лица.

Поради обилните дождови откажани се стотици летови, а метеоролозите најавуваат дожд и во наредните денови.