Свет Европа Петнаесет лица затруени во зградата на ЕУ во Брисел

Петнаесет лица затруени во зградата на ЕУ во Брисел

Петнаесет лица се затруле денеска од испарување на хемиска материја во зградата на Европската Унија во Брисел, каде што се одржуваат официјални состаноци.

Пет лица се хоспитализирани, соопшти портпаролот на бриселската противпожарна служба, Пјер Мејс.

Зградата „Европа“, во која редовно се одржуваат министерски состаноци, морало привремено да биде евакуирана, а тие што биле присутни се повикани да се префрлат во соседната зграда на ЕУ.

– Се случило мешање на хемиски производи од кујната и тоа предизвикало испарување кое затруло петнаесет лица – рече Мејс, кој додаде дека лицата имале симптоми на чешање на очите и повраќање.