Свет Петмина мртви во пожар во куќа во Њујорк

Петмина мртви во пожар во куќа во Њујорк

Пет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар што изби во куќа во Њујорк, соопштија локалните власти.

Пожарот избил во семејна куќа на два ката, вчера, нешто по 14 часот по локално време, во населбата Квинс вилиџ во Квинс, источниот дел на Њујорк.

Светските агенции наведуваат дека има и неколку повредени лица.

На снимките што ги објавија телевизиите се гледа како огнот го „голта“ покривот на куќата, од кој се шири чад.

Очевидците велат дека пред избивањето на пожарот се слушнале звуци, кои наликувале на експлозија.
Една од сосетките вели дека видела како од куќата изнесуваат бебе со тешки изгореници.