Свет Пет загинати во експлозија во Кабул

Пет загинати во експлозија во Кабул

Во експлозија која се случи во седиштето на авганистанската Национална разузнавачка агенција во Кабул загина најмалку пет лица, додека две се сериозно повредени.

Како што соопшти полицијата, до експлозијата дошло откако бомбаш-самоубиец активирал бомба на влезот на агенцијата.

Одговорноста за овој напад ја презеде Исламска држава, која се огласи преку својата новинска агенција Амак.