Свет Балкан Пет лица загинаа во верижен судир во Словенија

Пет лица загинаа во верижен судир во Словенија

Најмалку пет лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судир на 70 возила кај местото Сеножече во општина Дивача, во Западна Словенија.

Се верува дека несреќата се случила поради густата магла, која сè уште е присутна и ја загрозува спасувачката акција.

Полицијата наведе дека околу 70 возила, меѓу кои има и автобус и неколку камиони, учествувале во судирот што се случил 70 километри од Љубљана, на автопатот кој го поврзува главниот град на Словенија со јадранското крајбрежје.

Патот е затворен за сообраќај додека итна помош, пожарникари и полиција се обидуваат да пружат помош и да го расчистат местото на несреќата.