Свет Пет лица загинаа во лавина во Западна Канада

Пет лица загинаа во лавина во Западна Канада

Пет возачи на моторни санки загинаа во снежна лавина, на западот од Канада, додека шест лица се извлечени и спасени, соопштија канадските власти.

Несреќата се случила вчера попладне, во областа Британска Колумбија, кај селеото Ем си Брајд, 800 километри оддалечено од Ванкувер.

Спасувачките екипи наведуваат дека возачите на моторни санки заталкале во област која е забранета за скијачи и за љубители на други зимски спортови.

Според стручни лица од Канадскиот центар за лавина, катастрофата најверојатно е предизвикана од човечка активност.