Свет Пет лица починале од ебола до крајот на април

Пет лица починале од ебола до крајот на април

До 30 април, пет лица од Западна Африка починале од ебола, а регистрирани се 49 новозаразени случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, од почетокот на епидемијата во Западна Африка, починале 10.895 лица, а 26.339 се заразени.