Свет Перу: 21 загинат во автобуска несреќа

Перу: 21 загинат во автобуска несреќа

Дваесет и едно лице загина, а 38 се потешко повредени откако автобус вчера излета од патот во планинскиот дел на Андите во Перу и падна во амбис.

Како што јавуваат американските медиуми, автобусот паднал во ендек длабок 1.000 метри. Засега не се знае причината за несреќата.