Македонија Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот...

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот.

На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.