Економија Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

Њујорк повеќе не е претстолнина на милијардерите, бидејќи таа „титула“ ја презеде Пекинг.

Во главниот град на Кина сега живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери покажуваат податоците на компанијата „Хурун“ од Шангај, која ја објавува годишната листа.

Пекинг минатата година доби нови 32 милијардери, а Њујорк само четворица. Москва е на трето место на таа листа со 66, Хонг Конг со 64 и Шангај со 50 богаташи.