Свет Педесет мигранти најдени мртви на брод во Средоземното море

Педесет мигранти најдени мртви на брод во Средоземното море

Тела на околу 50 луѓе биле пронајдени мртви на брод кој превезувал мигранти, а кој денеска бил пресретнат од екипа на мисијата на Европската унија „Фронтекс“ во близина на либискиот брег во Средоземното море, јавуваат светските агенции, повикувајќи за информации од италијанската крајбрежна стража.

Според информациите, од бродот биле спасени околу 430 луѓе, а спасувачката операција ја извеле екипите на шведскиот брод „Посејдон“, кој е дел од мисијата „Фронтекс“.

Како што соопштиле од италијанската крајбрежна стража, денешната спасувачка операција е само една од 10-те мисии кои се во тек во близина на либискиот брег.

Засега не се познати причините за смртта на мигрантите чии безживотни тела биле најдени од екипите на „Посејдон“.