Свет Педесет и три лица загинаа во невреме во Пакистан

Педесет и три лица загинаа во невреме во Пакистан

Поројните дождови што го зафатија северозападниот дел на Пакистан однесоа 53 животи, а повредени се 60 лица, соопштија локалните власти.

– Смртни случаи се пријавени во провинцијата Хајбер-Пахтунва по невремето кое почна доцна синоќа – изјави портпарол на провинциската управа за вонредни ситуации.

Невремето предизвикало уривање на покриви од куќи во областа Кашмир, а неколку објекти во кашмирското село Сам Гунг се затрупани од свлечиште. Властите велат дека можно е бројот на загинатите да е поголем.