Економија Пазарџиите од Тетово се жалат дека немаат работа и стравуваат дека ќе...

Пазарџиите од Тетово се жалат дека немаат работа и стравуваат дека ќе останат на улица

Покрај големите бизниси кои веќе започнаа да отпуштаат некои работници, пандемијата од коронавирусот им нанесува штети и на малите бизниси, особено во пазарите, каде што се продава овошје и зеленчук. Некои од трговците во Општина Тетово ни рекоа дека доколку ова продолжи, ќе ги затворат тезгите и на тој начин ќе останат без никаков приход, пишува „Порталб.мк“.

„Немам волја повеќе да доаѓам на работа, обемот на работа е опаднат, а единствените што купуваат се некои стари лица кои доаѓаат наутро, а после 14 часот никој не се движи наваму. Не знам што ќе правиме со исплатата на крајот на месецот, се надеваме дека државата ќе ни помогне, во спротивно сите ќе завршиме на улица, без никакви други приходи“, рече еден трговец.

Во време кога граѓаните повеќе од кога и да е купуваат храна, имаше поплаки дека деловните субјекти кои нудат прехранбени производи со истечен рок, ги покачиле своите цени, искористувајќи ја оваа состојба на пандемија. Трговците негираат поскапување на цените на зелениот пазар.

„Постојат шпекулации, цените не се зголемија, а некои дури и паднаа. Можеби цените се зголемија во продавниците, но не и на пазарот затоа што не вреди“, рече еден од трговците.

Инаку, покрај недостаток на луѓе на овој пазар има и недостаток на заштитни средства на продавачите. Некои од нив не сметаа дека е важно да се заштитат од овој вирус со употреба на заштитни средства.