Хроника Патнички воз удрил во карпа на пруга на релација Битола – Скопје

Патнички воз удрил во карпа на пруга на релација Битола – Скопје

Патнички воз, кој сообраќал на релација Битола – Скопје, утрово, околу 4.45 часот, удрил во карпа која била на пругата, информираат од МВР.

Според полицијата, возот наишол на карпата на делот од пругата меѓу железничкото стојалиште Согле и железничкото стојалиште Теово.

Во случајот нема повредени патници и возен персонал. Според МВР, карпата која се нашла на пругата била најверојатно од одрон.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот, а железничкиот сообраќај на релација Битола – Велес и во обратен правец била во прекин 0д 4.45 до 10.15 часот.