Главна секција Партиите постигнаа договор за спорните прашања

Партиите постигнаа договор за спорните прашања

Политичките партии денеска постигнаа договор за спорните прашања за излез од политичката криза. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има техничка влада, а ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи.

Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.