Македонија Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

По маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори блиски до преговарачките тимови.

Како што дознаваме, постигнат е договор и за името на специјалниот обвинител, за кое се очекува да биде соопштено денеска.

Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во Собрание.