Македонија „Паркот нема да падне“ порачуваат жителите на Тафталиџе кои цел ден ќе...

„Паркот нема да падне“ порачуваат жителите на Тафталиџе кои цел ден ќе се дружат за таа цел

Жителите на улица Букурешка, во скопската населба Тафталиџе денеска во 12 часот ќе се соберат на целодневно дружење.

Во нивниот повик на социјалните мрежи се вели дека, „дружењето со граѓаните е со цел да му се даде до знаење на узурпаторот на овој простор, дека „Паркот нема да падне“.“

– Зачестеното присуство на багерите и градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа наша должност е да ја сочуваме оваа прекрасна зелена површина. Дружбата ќе вклучува дискусија околу константното бетонирање на зелените површини, правење на скара и освежување со некој ладен пијалак – се вели во повикот.