Свет Свет Папата издаде поп-рок албум

Папата издаде поп-рок албум

Додека папата Франциск ја завршува посетата на САД, се подготвува објавување на поп-рок албумот со наслов „Wake up“.

Ова е нов начин со кој папата сака да ги шири идеите за надеж, вера и за заедништво. Објавувањето на албумот го одобри Ватикан.

Станува збор за музичка подлога, од рок до Грегоријанските корали, низ кои следат говорите на папата и пеење на црковни псалми на различни јазици.