Свет Европа Папата Франциск: Ѕидовите ќе паднат

Папата Франциск: Ѕидовите ќе паднат

Папата Франциск денеска порача дека оградите за бегалците, како таа што ја подигна Унгарија на границата со Србија, нема да траат долго.

– Вие знаете како завршуваат ѕидовите. Сите ѕидови паѓаат, денес, утре или по 100 години. Ѕидовите не се решение. Проблемот останува – рече папата при неговото враќање во Рим, по својата прва посета на САД.

Папата додал дека би сакал да ја посети Кина, со која Ватикан моментално нема официјални дипломатски односи.

Врховниот поглавар на католичката црква беше во десетдневна посета на САД и на Куба.