Свет Европа Папата Франциск: Лошиот светски систем е причина за бегалската криза

Папата Франциск: Лошиот светски систем е причина за бегалската криза

Бегалската криза во Европа е само „врв на ледениот брег“, изјави папта Франциск, кој како причина го наведе неправедниот и лош социо-економски систем во светот.

– Ние ги гледаме тие бегалци, тие сиромашни луѓе кои бегаат од војна и од глад, но тоа е само врв на ледениот брег. Под тие слики се крие лошиот и неправеден социо-економски систем во светот – рече папата.

Потсетувајќи дека и самиот тој е син на Италијанци кои емигрирале во Аргентина, римокатоличкиот поглавар навел дека таму каде причина за кризата е глад, треба да се обезбедат нови работни места и инвестиции, а дека кога причина е војна, треба да се работи на воспоставување мир.

Папата рекол дека миграцијата носи и безбедносен ризик за европските земји поради опасност од инфилтрирање.

– Денес условите за територијална безбедност не се исти како некогаш. Постои исклучително брутална терористичка герила на 400 километри од Сицилија – рекол Папата, алудирајќи на Либија, каде упоришта имаат вооружени екстремистички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава.