Видео Паметни телефони прават ХИВ-тест

Паметни телефони прават ХИВ-тест

Научниците од Универзитетот „Колумбија“ направиле додаток за паметни телефони кој врши тестирање на крвта за сифилис или за ХИВ за 15 минути.

Додатокот може да се користи на кој било телефон „андроид“ или „ајфон“, а за да се направи тестот, потребно е корисникот да стави капка крв од прстот на пластичниот дел од додатокот и да ја покрене апликацијата на телефонот.