Свет Европа Палестинец убиен во болница во Хеброн

Палестинец убиен во болница во Хеброн

Палестинец осомничен за еден антиизреалски напад, синоќа е убиен во болница во Хеброн, во интервенција на израелските специјални сили, соопшто палестинското министерство за здравство.

„Израелските специјални сили го убија Абдулах Азам Шаладех (27) во болница во Хеброн“, се наведува во соопштението на министерството, кое го пренесуваат светските агенции.

Израелските безбедносни сили ја потврдија веста и додале дека пукале во Шаладех кога неговиот брат се спротивставил на неговото апсење.

Шаладех бил на лекување, а според властите на Израел, тој е одговорен за еден од нападите со нож извршени во септември годинава.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се сè поголеми во последните неколку месеци. Во бранот насилства, кој почна на средината на септември, во Ерусалим, на Западниот Брег и во Појасот Газа се убиени 12 Израелци и повеќе од 75 Палестинци.