Свет Пакистан: 57 загинати при судир на автобус и на цистрена со нафта

Пакистан: 57 загинати при судир на автобус и на цистрена со нафта

Педесет и седум лица загинаа при судир на автобус и на цистерна со нафта во пакистанскиот град Карачи.
Како што јавуваат локалните медиуми, по судирот избувнал пожар, кој целосно ги изгорел автобусот и цистерната.

Пакистанските медицински служби јавуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.
Како што соопшти пакистанската полиција, цистерната, која се движела со голема брзина, во еден момент, од непознати причини, преминала во спротивната лената од коловозот и удрила во автобусот.