Свет Свет Пакистан: 12 загинати и 40 повредени во земјотресот

Пакистан: 12 загинати и 40 повредени во земјотресот

Повеќе од 12 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој ги погоди Пакистан, Авганистан и Северна Индија, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи официјални претставници.

Силни потреси се почувствувале во Њу Делхи, Исламадац и во неколку поголеми градови.

Според пакистанските власти, 12 лица загинале, вклучувајќи и едно лице во Пешавар.

– Примивме 50 повредени лица, а се очекува уште да пристигнат. Повредите се последица на уривање на зграда – изјави портпаролот на болницата, Сиед Џамил Шах.

Според американската сеизмолошка служба, земјотресот бил со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала, на 82 километри југоисточно од Фејзабад, на длабочина од 196 километри.