Видео Пакистан: 10 загинати и повеќе од 60 ранети при напад на џамија

Пакистан: 10 загинати и повеќе од 60 ранети при напад на џамија

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десеттини се повредени при напад на екстремистите на шиитска џамија во Пешевар, на северозападот на Пакистан.

Според лекарски извори, најмалку 10 лица загинаа, а 63 се повредени. Пакистанската полиција ги потврди лекарските наводи.

Светските медиуми јавуваат дека судирите и понатаму траат.

Претставникот на пакистанската полиција, Ран Умер Хајат, неколку вооружени напаѓачи фрлиле бомби на џамијата „Имамија“ во Пешавар. Нападот е изведен за време на традиционалната петочна молитва.