Економија Паѓаат малопродажните цени во Грција

Паѓаат малопродажните цени во Грција

Пазар во Атина

Во октомври, цените во малопродажба во Грција се намалија  за 1,7 проценти. Во септември, пак, тој пад беше од 0,8 проценти, покажуваат официјалните податоци во Атина.

Дефлацијата во октомври е најголема од декември минатата година, кога исто така изнесуваше 1,7 проценти, наведува грчкиот завод за статистика.

Грција, која повеќе години имаше најголема инфлација во еврозоната, веќе 20 месеци бележи пад на цените, по намалувањето на платите и на пензиите и по долготрајната длабока рецесија.