Македонија МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите.

– Задоволни сме од средбата. Од наредната недела почнуваат со работа работните групи. Вечерва имаме генерален пленум, на кој треба да одлучиме за понатамошните чекори – ни изјави Видиков.