Свет Балкан Пад на еврото во однос на доларот

Пад на еврото во однос на доларот

Еврото падна за повеќе од еден отсто во однос на доларот, а и европските акции и берзите навестуваат остар пад во текот на денот.

Неименувани извори од Европската централна банка, за новинската агенција „Ројтерс“ велат дека ЕЦБ најверојатно ќе го задржи досегашното ниво на ограничувања на итните средства за грчките банки, што ќе се одрази на нивната ликвидност. Ваквиот чекор ќе придонесе Грција бргу да остане без пари.