Економија Пад на аквизициите на почетокот на 2016 година

Пад на аквизициите на почетокот на 2016 година

Бројот на склучени глобални договори за спојување и за преземање меѓу компаниите е значително намален на почетокот на оваа година во однос на рекордите во 2015 година, покажуваат податоците на агенцијата „Томсон Ројтерс“.

Како што се оценува во нивната анализа, тоа може да биде сигнал на слабост на светската економија и ранливост на берзанските индекси.

Вредноста на договорите реализирани оваа година на глобално ниво достигна 935 милијарда долари, што е за 22 отсто помалку во однос на 1.200 милијарди долари, колку што нивната вредност изнесувала истиот период минатата година.

Бројот на склучени договори е помал за 13 отсто, бидејќи при очекувањето на пораст на каматните стапки и на нови владини прописи, спојувањата се чинат поскапи и поризични.