Свет Европа Пад на акциите на светските берзи поради неизвесноста од останувањето на Лондон...

Пад на акциите на светските берзи поради неизвесноста од останувањето на Лондон во Унијата

Акциите на светските берзи денеска загубија од вредноста поради понатамошниот пад на цената на нафтата и како резултат на очекувањето на исходот од преговорите за спречување на излегување на Обединетото Кралство од Европската унија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон порача дека договор со европските лидери сè уште нема и дека нема да се откаже од британските барања за понатамошно членство во Унијата.

Трговците на светските берзи ги игнорираа оптимистичките податоци за порастот на малопродажбата во Обединетото Кралство за 2,3 отсто на месечно ниво, што е најголем шпраст во последните две години.