fbpx

Лидерите на ЕУ се обидуваат да го убедат Лондон да остане во Унијата

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја мина ноќта во Брисел, каде се сретна со европските лидери во обид да пронајдат решение што би придонело за задржување на Обединетото Кралство во Европската унија.

Одредени лидери на ЕУ сметаат дека сè уште постои можност Камерон да замине во Лондон за да го претстави планот за останување во Унијата. Британскиот премиер допатува во Брисел барајќи причина за да не се согласи на опцијата за отцепување од ЕУ.

На маса се најдоа и проблемите како што е мигрантската и бегалска криза, економската нееднаквост и влијанието на Британија во еврозоната. Накратко, Британија сака поинаква, подобра позиција во Европската унија, на што се противат источните членки на ЕУ, чии граѓани претставуваат најголем процент од странските работници на островот.

И додека некои, како што е премиерот на Ирска, Енди Кени, сметаат дека преговорите ќе потраат, други, како што е Доналд Туск, сметаат дека остварен е одреден прогрес во Лондон.

Референдумот за статусот на Обединетото Кралство би можел да се одржи оваа или следната година, а сè зависи од резултатите од преговорите, на кои им се наѕира крајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...