Македонија Пациентот што на Инфективна клиника беше тестиран, нема корона вирус

Пациентот што на Инфективна клиника беше тестиран, нема корона вирус

Фото: Арбнора Мемети

Министерство за здравство информира дека резултатите се негативни на корона вирус, на пациентот кој синоќа беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје .

„Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус,“ се вели во соопштението на Министерство.

Тие синоќа информираа дека на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип, кое со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот.