Главна секција Оздравени 64 пациенти, потврдени нови 22 случаи на Ковид-19, вкупно регистрирани 1.664

Оздравени 64 пациенти, потврдени нови 22 случаи на Ковид-19, вкупно регистрирани 1.664

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти, од кои во Скопје 17, во Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1 и Кичево 1 пациент.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Кковид-19, и тоа во Скопје 13, во Прилеп 2 и во Тетово 7.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Направените се 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Жан Митрев клиника –17, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.