Македонија Оздравеа 1.178 пациенти од ковид-19, има нови 324 случаи од 2.660 тестирања,...

Оздравеа 1.178 пациенти од ковид-19, има нови 324 случаи од 2.660 тестирања, починаа 26 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а се регистрирани 324 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар по еден.

Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од: Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52, 59, 63, 66, 71, 77, 80 и 83), по 2 починати лица од Куманово (77 и 86), Прилеп (73 и 83) и Гостивар (62 и 69) и по едно починато лице од Велес (78), Кавадарци (75), Охрид (73), Штип (67), Струмица (65), Кочани (68), Кичево (71), Ресен (77), Радовиш (65), Берово (75), Делчево (57) и Валандово (72). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а две лица во домашни услови.

Досега се направени вкупно 731.997 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874, информира Министерството за здравство.