Економија Овоштарите го блокираа патот Градско – Прилеп и се заканија со радикални...

Овоштарите го блокираа патот Градско – Прилеп и се заканија со радикални штрајкови

Овоштарите денеска го блокираа патот Градско – Прилеп еден час поради проблеми со откупот на праските. Во знак на револт, тие гo расфрлаа родот на патот и се заканија со радикализација на штрајкот.

Поранешниот заменик-министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски, пред една недела информираше дека родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета.

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.