Економија Отворени денови на Агенцијата за вработување

Отворени денови на Агенцијата за вработување

Денеска во 10 часот невработените и работодавците од Демир Капија ќе можат да се запознаат со мерките за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Активностите на Агенцијата ќе продолжат во Гевгелија во 12 часот, а во Богданци мерките за вработување ќе бидат презентирани во 15 часот.

На настаните ќе присуствува директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.