Дописници Отворање на почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид

Отворање на почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид

Денеска во Охрид со пригодна свеченост ќе биде отворен почесниот конзулат на Руската Федерација.

На отворањето кое ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, ќе присуствуваат претставници на Министерството за надворешни работи на Македонија, претставници на дипломатскиот кор, гости од Руската Федерација, претставници на институциите, на бизнис заедницата и други гости.

Претходно, за почесен конзул на Руската Федерација во Охрид беше назначен ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Велимир Стојковски.

Ова е второ, вакво дипломатско претставништво во Охрид, после она на Полска.