Македонија Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче...

Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче во Аеродром

Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР.

Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња.

Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето на булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром непознато лице оставило отров во куќарка за куче.