fbpx
Таг: Карпош 4

таг: Карпош 4

Вистиномер: Мостот меѓу Карпош 4 и Злокуќани допрва треба да се гради

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за нов мост на Вардар. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Љубљанска преку Вардар, нов мост за Карпош и Скопје! Отвораме директен пристап на карпошани до идниот клинички центар и Бардовци. Ја продолжуваме „Љубљанска“ со мост преку Вардар и ја спојуваме со улицата „Скупи“ и со булеварот „Словенија“ што...

Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче во Аеродром

Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето на булеварот Јане Сандански во населбата...

Активисти ќе презентираат студија за штетноста на предложениот ДУП за Карпош 4

Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ од 18 часот вечерва во Кинотеката на Македонија ќе презентира студија за предложениот детален урбанистички план за градска четврт 3 02 – Карпош 4 – Општина Карпош – Скопје. Од иницијативата алармираат дека со нацрт-планот е предвидено градење кое многу ќе го влоши квалитетот на живот во оваа населба. Студијата за Карпош 4 е изработена во...

„Марш за зелен Карпош“ утре во 18 часот, пред „Сити мол“

Граѓаните од иницијативите „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ утре, во 18 часот, ќе организираат „Марш за зелен Карпош“, со кој ќе ја блокираат крстосницата кај „Скопје сити мол“ за да укажат на, како што велат, самоволието на локалната самоуправа на општина Карпош, која нетранспарентно и со негрижа се обидува да интервенира во урбанистичкиот план. По блокирањето на крстосницата, ќе се упатат...

Граѓаните на Карпош 4 со писмо бараат да се запре усвојувањето на ДУП-от

Неформална група граѓани од Карпош 4 испрати писмо до советниците на Општина Карпош и до градоначаникот, Стевчо Јакимовски, со барање за запирање на усвојувањето на деталниот урбанистички план за Карпош 4. „Сметаме дека со овој ДУП се нарушуваат начелата загарантирани во Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа: рамномерниот просторен развој; рационално уредување и користење на просторот; услови за хумано живеење...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...