Свет Балкан Откриено оружје на езерото Бадовац на Косово

Откриено оружје на езерото Бадовац на Косово

Косовската полиција соопшти дека во близина на езерото Бадовац, на магистралата Приштина – Гљилане, е пронајдено оружје, муниција, униформи и други воени материјали.

Случајот е пријавен кај дежурниот обвинител, а на местото каде е пронајдено оружјето е испратена единица за деминирање и патрола од Грачаница. Портпаролот на полицијата, Баки Кељани, ги негираше информациите на некои косовски медиуми дека е пронајден експлозив. Според косовските написи, полицијата уапсила и неколку лица.

Претходно косовската полиција, на 11 јули, во близина на езерото Бадовац уапсила пет осомничени за вмешаност во тероризам, на кои им е одреден едномесечен притвор. Кај нив полицијата пронашла маски, ракавици и знамиња на милитантната група Исламска држава.