Хроника Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

Тројца економски мигранти од Палестина биле повредени во сообраќајна незгода што вчера, околу 10.30 часот, се случила на регионалниот пат Гевгелија – Негорци, кога автомобилот, со кој нелегално биле превезувани, излетал од патот.

Како што информираат од МВР, возачот на автомобилот „опел тигра“, И.Ѓ.(25) од Гевгелија, не бил пронајден на местото на несреќата. Мигрантите, пак, биле пронајдени во општата болница во Гевгелија, каде претходно биле пренесени за лекување.

Во текот на денот, според МВР, тие ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот.