Македонија Откриени нови 92 случаи на ковид-19, пријавени 4 починати лица

Откриени нови 92 случаи на ковид-19, пријавени 4 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во оследните 24 часа во земјава се направени 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 60.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.

Во изминативе 24 часа се регистрирани 363 оздравени пациенти и 3 починати лица – две од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица починале во болници. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, е пријавено едно починато лице од Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.923.358 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.