Хроника Откриени четворица илегални мигранти

Откриени четворица илегални мигранти

Полициски службеници, вчера, при контрола на локалниот пат меѓу кумановските села Слупчане и Ваксинце, во автомобил со тетовски регистарски ознаки, откриле четворица сиријски државјани, кои нелегално престојувале во земјава.

Како што информираат од полицијата, мигрантите, кои биле на возраст од 24 до 38 години, ги превезувал И.У. (55).

По расчистувањето на случајот, против возачот ќе биде поднесена пријава, а мигрантите ќе бидат сместени во прифатниот центар во Скопје.