Македонија Откриени 127 нови случаи на ковид-19, бројката на направени тестови надмина два...

Откриени 127 нови случаи на ковид-19, бројката на направени тестови надмина два милиона

Фото: CDC on Unsplash

Според најновите статистики на Институтот за јавно здравје, со направените 1.908 тестови за корона вирусот во последните 24 часа, бројката на направени тестови во земјава од почетокот на пандемијата надмина 2 милиона и изнесува 2.000.910 извршени тестирања.

Со направените 1.908 тестирања се откриени 127 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 57, во Битола 24, а во другите градови бројките се едноцифрени, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни случаи (127), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 123 оздравени пациенти во изминатово деноноќие.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 2 до 12 април.

Од вкупно направените 2.000.910 тестирања од почетокот на пандемијата се откриени вкупно 308.878 случаи. Бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 802.