Свет Откажани 100 лета поради ерупција на вулкан во Индонезија

Откажани 100 лета поради ерупција на вулкан во Индонезија

Вулканска ерупција во средишниот дел на Индонезија предизвика откажување на повеќе од 100 лета и затворање на аеродромот на Бали од безбедносни причини, поради што илјада туристи се блокирани на островот, соопштија денеска властите.

Уште четири аеродроми се затворени во текот на ноќта поради ерупција на вулканот Руанг, од кој излегувале облаци пепел, соопшти портпаролот на министерството за транспорт, Ј.А. Барата.

Тревогата поради можна ерупција е подигната за еден степен и сега е под највисокото ниво, кое е прогласено кон крајот на јуни, кога вулканот почнал да исфрла лава и облаци пепел.

Стотина странски туристи се блокирани на аеродромите во исчекување информација која се однесува на нивните летови, соопштија од аеродромот „Нгура раи“ на Бали.

Вулканот Руанг е еден од 129 активни вулкани во Индонезија.